Германците купуваат електрични греалки поради страв од недостиг на гас

by Фокус

Германците, плашејќи се од недостиг на гас во есен и зима, купуваат повеќе електрични греалки, иако здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста од овој тип на греење.

-Гледаме натпросечна побарувачка за греалки – велат од синџирот продавници за електрични производи Медиа Маркт/Сатурн.

Синџирот продавници за градежен материјал Хорнбах забележа 100 отсто поголема побарувачка отколку во истиот период лани.

Покрај огромниот пораст на побарувачката за електрични греалки, се зголеми и побарувачката за други алтернативи на гас како што се печките на дрва и јаглен.

Поврзани новости