Германците ги шокираа Американците на Мундобаскетот и закажаа дуел со Србија во финалето

by Fokus

Кошаркарската репрезентација на Германија сензационално избори финале на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако денеска славеше против селекцијата на САД со 113-111.

Уште во првата четвртина Германците најавија пеколна битка, а на паузата заминаа со поен предност, 60-59.

Американците го препуштија водството на ривалот во третата четвртина, па во завршницата брка негатива од 12 поени (94-106).

Селекцијата на Стив Кер не се предаваше и за момент се приближи на еден поен разлика (107-108), но Германија не дозволи целосен пресврт и славеше со 113-111.

Најдобар кошаркар на Германија беше Обст со 24 поени и 6 асистенции, а Едвардс постигна 23 поени, 8 скока и 3 асистенции за САД.

Германија во недела за златото ќе се бори против Србија, која претходно беше подобра од Канада со 95-86.

Поврзани новости