Германците денес избираат претседател, актуелниот со најмногу шанси за победа

by Fokus

Во Германија денеска се избира претседател, а актуелниот Франк-Валтер Штајнмаер има добри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата уште пет години.

Претседателот се бира во таканареченото Федерално собрание, тело од 1.472 членови што го сочинуваат сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните покраини. Партиите од владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), како и опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, кои го поддржуваат реизборот на Франк-Валтер Штајнмаер, имаат мнозинство од 1.233 гласови.

Така, изборот на Штајнмаер е веќе извесен уште во првиот круг.

Покрај Штајнмаер, за највисоката политичка функција во земјата се кандидираа и д-р Герхард Траберт, член на Христијанско-демократската унија Макс Оте и кандидатот на Слободните гласачи (Фри Велер), физичарката Стефани Гебауер.

 

Поврзани новости