Германците бараат перекот да стане нематеријално културно наследство

by fokus

Перекот треба да стане нематеријално културно наследство на УНЕСКО, бара Здружението на пекарите од германската покраина Баден-Виртемберг.

Здружението поднело барање за тоа – переците да се стават на националната листа кандидати за нематеријално светско културно наследство. Министерот за земјоделство на Германија, Чем Ездемир денеска при посетата на општината Бад Урах изјави дека го поддржува тоа барање.

– Ќе се залагам за оваа прекугранична иницијатива, бидејќи перекот го има во Баварија, Германија, Швајцарија и Алзас, објасни тој.

Според преданијата, првиот перек го направил дворскиот пекар од гратчето Урах во 1477 година. Грофот Еберхард, се вели, му се заканил на пекарот со бесење доколку, во рок од три дена, не испече леб низ којшто сончевите зраци ќе се видат трипати, па пекарот успеал со својот нов изум – перекот, да си го спаси животот.

Поврзани новости