Здружението на германски болници предупреди дека постои опасност клиниките повеќе да не можат да исплаќаат плати на вработените поради ограничувања на работата поради пандемијата.
-Ако Владата не ја зголеми помошта, тогаш клиниките нема да можат да исплатат плати на вработените во првиот квартал од следната година – рече претседателот на Здружението, Џералд Гас.
Тој за германските медиуми изјави дека парите од вообичаените фондови не се доволни и дека болниците во моментов имаат само ограничени финансиски средства.
Според концептот на Министерството за здравство, болниците во особено преполните региони ќе добијат средства доколку се откажат од барањата што можат да се одложат и со тоа да се ослободат кревети.
Според Гас, само 25 проценти од клиниките имаат корист од тоа. Затоа, тој предложи, врз основа на податоците од 2019 година, да се обезбедува месечен буџет за болниците.
Две третини од болниците проценуваат дека ќе имаат загуби во 2020 година, според сегашниот болнички барометар.