Германските експерти за истрагата треба да стигнат следниве денови

by fokus

Eкспертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена, соопшти Јавното обвинителство.

– Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, истакнаа од ОЈО.

Денеска во посета на опожарената модуларна болница во Тетово заедно со обвинители од тетовското Јавно обвинителство не биле германски експери туку дека станува збор за претставници од Амбасадата на Германија во земјава кои не се поврзани со истрагата.

Поврзани новости