Германските бизнисмени се против ограничување на бројот на работници од Западен Балкан

by fokus

Германски бизнисмени изразуваат незадоволство од намерата на Владата да го ограничи приливот на работна сила од Западен Балкан на 25.000 годишно.

Тие велат дека регулативата за Западен Балкан, што е во сила од јануари 2016 година, отвори можности за вработување во Германија за лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, притоа намалувајќи ја нелегалната имиграција и претставува успешна модел на германска миграциска политика, пишува Ханделсблат.

Весникот понатаму наведува дека „не само компаниите, туку и германските фондови за социјално осигурување имаат корист од дополнителната работна сила“.

Предлог-законот на кој работат министерствата, со цел да се ограничи бројот на работниците од Западен Балкан на 25.000 годишно, беше критикуван од повеќе страни.

Ханделсблат го цитира политичарот од Зелените,  Дитер Јанеке кој вели дека тоа е „бесмислен, кратковид и целосно погрешен сигнал“ и додава дека отпорот се формира и во економијата.

Ахим Деркс, заменик извршен директор на Германската трговска комора (ДИХК), вели дека по кризата, кога повторно ќе се зголеми побарувачката за квалификувани работници, предвидениот контингент може да стане тесно грло. Сличен став има и Федералното здружение на германски здруженија на работодавачи (БДА).

„Федералната Влада ја оправдува реформата од една страна со фактот дека постојната регулатива истекува на крајот на годината, а од друга страна потенцира дека високата побарувачка за визи претставува огромен товар за конзулатите во Западен Балкан.Долгото чекање за виза предизвикува незадоволство на работодавачите и на работниците, се вели во предлог законот.

Наместо да поставуваат квота, политичарите треба да воведат поефикасни процедури за издавање визи, вели Деркс од ДИХК и додава дека дигитализацијата би можела значително да помогне, објави Ханделсблат.

Поврзани новости