Највисокиот германски суд денеска пресуди дека малата крајнодесничарска партија Die Heimat (партија Die Heimat) нема да добива државни средства во следните шест години, бидејќи смета дека нејзините вредности и цели се неуставни и имаат за цел укинување на демократијата.
Сојузниот уставен суд соопшти дека партијата, некогаш позната како Националната демократска партија на Германија (НДП), „го игнорира основниот демократски поредок“ и дека нејзините цели и начинот на кој нејзините поддржувачи се однесуваат се „насочени кон елиминација на демократијата“.
Потпретседателката на судот Дорис Кениг изјави дека одлуката е донесена едногласна, бидејќи политичкиот концепт на партијата не е во согласност со гаранцијата на човечкото достоинство, како што е дефинирано со германскиот устав.
Судијата објави дека партијата Die Heimat се придржува до етничкиот концепт на германски идентитет и идејата дека заедницата на нацијата-држава се заснова на потеклото.
Германската влада и двата дома на парламентот ја изведоа партијата на суд и презентираа докази дека Die Heimat е расистичка организација, која пропагира антимуслиманска и антисемитска идеологија и ги отфрла трансродовите луѓе.