Наскоро претстои Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули низ Германија.
Домаќините затоа решија да ги откријат своите карти и да ги покажат потенцијалните 26 имиња кои предводени од тренерот Јулијан Нагелсман ќе итаат кон трофејот на Стариот континент. Ова е моментално најтесниот список од која било репрезентација, а само едно име ќе испадне до почетокот на турнирот.
На списокот има 27 фудбалери, а како што се шпекулира, во него нема некои многу признати имиња во светскиот фудбал како Леон Горецка, Серж Гнабри и Тимо Вернер. Интересно е и тоа што во изборот на Нагелсман има само еден играч на Борусија Дортмунд, тимот кој ќе игра финале на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Тоа е Никлас Филкруг, додека нема играчи од висока класа како Матс Хумелс, Јулијан Брант, Никлас Зуле и Карим Адејеми.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман ги повика следните 27 фудбалери:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн), Оливер Бауман (Хофенхајм), Александар Нибел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона).
Дефанзивци: Валдемар Антонон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикес (РБ Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (РБ Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Дортмунд), Џонатан Та (Леверкузен).
Играчи од средниот ред: Роберт Андрич (Леверкузен), Крис Фурих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гиндоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Александар Павловиќ (Баерн), Џамал Мусиала (Баерн), Лерој Сане (Баерн) , Флоријан Вирц (Леверкузен).
Напаѓачи: Максимилијан Баер (Хофенхајм), Никлас Филкруг (Дортмунд), Каи Хаверц (Арсенал), Томас Милер (Баерн), Денис Ундав (Штутгарт).
Германците ќе ги одмерат силите во групата А со селекциите на Унгарија, Шкотска и Швајцарија.
🚨🇩🇪 OFFICIAL: Germany preliminary squad for Euro 2024 has been confirmed by Julian Nagelsmann.
⛔️ Hummels, Goretzka, Brandt, Adeyemi, Süle plus Werner and Gnabry are OUT of the squad.
One more player [or more] will be left out of the squad before the start of the Euros. pic.twitter.com/YiPxEoIfls
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 16, 2024