Премиерот Зоран Заев и претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер во телефонски разговор ја констатирале историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја, така и за регионот и Европа, соопшти попладнево владината прес-служба.
-Премиерот Заев се заблагодари на претседателот Штајнмаер за поддршката што Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО, се наведува во соопштението.
Претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздравил дипломатијата и дипломатскиот пример кои премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет.