Германија мора да ја земе предвид можноста за воен конфликт со Русија и да се подготви за тоа, изјави министерот за одбрана на земјата, Борис Писториус за телевизијата ЗДФ.
Не зборуваме за „конкретна подготовка за напад“, но мора да ја земеме предвид таа можност, смета министерот.
– А кога нешто ќе земеме предвид, треба да се прилагодиме на опасноста, за која не знаеме дали и кога ќе дојде. Неопходно е да се вооружиме за оваа можност – ова го правиме сега заедно со нашите сојузници во НАТО. Неопходно е – рече тој.
За таа цел во балтичките земји треба да биде присутна германска бригада, која ќе биде „целосно борбено подготвена“ до 2027 година, додаде министерот.
Тој ги наведе и проценките на воените експерти дека ќе бидат потребни „неколку години за Русија да може да го направи тоа (да се започне војна).
– Ова се проценки – никој не знае со сигурност. И ние мора активно да го искористиме ова време – следните три до пет години – за да се вооружиме – заклучи Писториус.