715
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е во карантин откако негов телохранител бил позитивен на корона вирус, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, јави ДПА.
Агенцијата појасни дека првичниот тест извршен врз шефот на германската дипломатија бил негативен. Мас не е првиот член на германската Влада кој е во самоизолација поради корона вирус.
Канцеларката Ангела Меркел помина две недели во домашен карантин во март откако имаше контакт со лекар кој бил позитивен на вирусот. Во тоа време тестовите и беа негативни.