Германскиот Бундестаг го усвои предлогот на опозицијата за построга миграциска политика

by Fokus

Германскиот парламент денеска и покрај силното противење на канцеларот Олаф Шолц, го усвои рестриктивниот предлог на опозициските демохристијани за миграција и азил.

Предлогот беше изгласан со помош на гласовите на десничарската Алтернатива за Германија, при што 348 пратеници гласаа за, 345 беа против и 10 воздржани.

Овој предлог не е правно обврзувачки за владата, но ќе го зголеми притисокот за преземање мерки за миграцијата, пренесува лондонски Гардијан, наведувајќи дека ова гласање ќе му укаже на лидерот на опозициската ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, дека има парламентарно мнозинство што би можело да ја принуди владата да прифати соодветни решенија во оваа област.

Поврзани новости