Германскиот амбасадор се меша во сѐ, дури и во тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица, изјави Вучиќ

by fokus

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде е познат по своите антисрпски ставови и се меша во сѐ, почнувајќи од тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ коментирајќи ги последните критики на Роде.

– Неговата изјава е опасна, тоа е закана за српскиот народ – изјави Вучиќ за ТВ Пинк, осврнувајќи се на изјавите на германскиот амбасадор дека барикадите треба да се отстранат до Божиќ.

– Германија сака целосна доминација на Балканот – изјави Вучиќ и додаде дека „отсекогаш знаел дека некој го турка Курти во неговата нерамнотежа“.

Тој рече дека српската армија е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговараат за воена соработка.

– Секако дека ни треба силна војска, инаку би не проголтале како мачка и глушец – нагласи Вучиќ.

Вучиќ рече дека во врска со кризата на северот на Косово, како врховен командант на вооружените сили на Србија, ќе носи одлуки во согласност со интересите на својот народ.

– Подобро е да се разговара илјада дена отколку да се оди во војна еден ден – изјави Вучиќ во интервју од Азербејџан за телевизија Пинк.

Тој оцени дека некои сметаат дека е вистински момент да се изврши целосен притисок врз Србија бидејќи не им се допаѓа ситуацијата во Украина, наведувајќи дека апсолутно е сигурно дека „страната што ја поддржуваат“ ќе победи со таква „леснотија“ како што изгледаше пред два-три месеци.

Претседателот на Србија изјави дека довербата на Србија во Западот повеќе не постои.

Амбасадорот на Германија во Приштина, Јорн Роде, синиќа ја критикуваше Српска листа, бидејќи не реагираше на приведувањето на Рада Трајковиќ, советничка на министерот за враќање и заедници во Владата на Косово, на преминот Мердаре.

-Третманот на Рада Трајковиќ, српска активистка од Косово, е неприфатлив. Забележувам дека Српската листа не реагираше. Двојни стандарди?, напиша Роде на својот Твитер профил.

Поврзани новости