Амбасадорот на Германија во Скопје, Ото Граф, денеска се сретна со претседателите на три партии на македонските Албанци – Билал Касами, Мендух Тачи и Африм Гаши.
ДПА соопшти дека на средбата меѓу Граф и Тачи, покрај актуелните политички случувања во земјата, Тачи ја навел „континуираната посветеност на ДПА за уставните измени и деблокирањето на интеграциските процеси во земјата, истакнувајќи дека интеграцискиот процес заедно со владеењето на правото и економскиот развој на земјата е исто така примарна определба на Демократската Партија на Албанците“.
Граф во Тетово се сретна и со Билал Касами.
„Го информирав германскиот амбасадор за заложбите и посветеноста на општина Тетово во реализацијата на различни проекти кои се во интерес на граѓаните. Германската поддршка никогаш не изостанала и се надеваме дека во иднина соработката уште повеќе ќе се продлабочува. Го уверив амбасадорот дека ги поддржуваме сите напори и иницијативи поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија“, се вели во соопштението на Касами.
Амбасадорот Граф беше пречекан и од претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Алтернатива неодамна ја напушти владината коалиција, незадоволна од
„Во оваа прилика го информирав германскиот амбасадор дека бидејќи коалициониот партнер СДСМ не го почитува договорот потпишан со поранешниот претседател на оваа партија, одобрен и од актуелниот премиер, причината Алтернатива да продолжи да остане дел од влада која не ги почитува договорите со своите партнери. Дополнително, му кажав на амбасадорот дека оваа антиевропска акција на СДСМ ќе има последици и во интегративниот процес на Северна Македонија, бидејќи европската перспектива не може да се насочи со антиевропски стандарди и со актери кои само изгледаат европски.