Германски весник: „Нов удар на македонската влада против нејзините противници“

by Фокус

„Нов удар на македонската влада против нејзините противници“. Под овој наслов весникот „Ноје цирхер цајтунг“ пишува за актуелните случувања во Македонија и случајот „Пуч“.

Набројувајќи ги настаните од викендот во Македонија и отворањето на случајот „Пуч“, новинарот Андреас Ернст во текстот објавен денеска наведува и дека веднаш имало реакција од канцеларијата на Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Во реакцијата е оценето дека обвинувањата се тешки и дека е неопходна независна и транспарентна истрага.

„Високата претставничка за надворешна политика e загрижена поради влошувањето на политичкиот дијалог во земјата. Тој навистина веќе подолго време е на нула. Речиси една година опозицијата го бојкотира парламентот. Таа ја обвинува власта за изборна измама. Тоа е кусовид поглед на нештата. Не е спорно дека национално-конзервативната влада постојано добива мнозинство гласови. Таа е победник на изборите од 2006 година наваму. Тие избори се слободни, но не се фер. Со строга контрола на медиумите, благодарение на добро подмачкан систем на државен непотизам и по потреба преку влијание врз правосудството, премиерот Груевски создаде систем кој жилаво се држи на власт и покрај катастрофалната економска состојба. Сепак, вина за тоа има и опозицијата. Таа страда од хронична лидерска слабост. Наместо со напорна работа во базата да се погрижи за мобилизација на незадоволните и оние кои страдаат во земјата, таа го бојкотира парламентот и се самосожалува“, се вели во текстот на НЦЦ.

Поврзани новости