376
Германски турист ја оштетил познатата фонтана Нептун во Фиренца додека се качувал на знаменитоста за фотосесија.
Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се слика, но притоа скршил дел од мермерот на пајтонот.
Кога скокнал дваесет и две годиишниот турист на коњот го оштетил и копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока парична казна. Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери.
-Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство, напиша градоначалникот на Фиренца, Дарио Бардела.
Октогоналната фонтана датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.