376
Киев Индипендент пишува дека германскиот производител на оружје Рајнметал разговара со украинските власти за изградба на фабрика за тенкови во Украина, повикувајќи се на извештај во списанието Der Spiegel.
Според шефот на компанијата, Армин Папергер, во Украина може да се изгради фабрика за околу 200 милиони евра и може да произведува до 400 борбени тенкови од типот Пантер годишно.
Папергер ги опиша разговорите со украинската влада како „ветувачки“, додавајќи дека се надева на одлука „во следните два месеци“.