Германски министри под истрага за исплатата на „корона бонуси“

by Fokus

Јавното обвинителство во Берлин отвори истрага против раководството на германската партија на Зелените, вклучувајќи го и новиот вицеканцелар и министер за надворешни работи, за исплата на бонуси за време на пандемијата минатата зима.

Обвинителството и партијата денеска потврдија дека е покрената истрага по извештајот на неделникот Шпигел, пренесе агенцијата ДПА.

Станува збор за улогата на партиското раководство во одобрувањето на „корона бонусот“ од 1.500 евра по човек за вработените во партиските штабови и за самите лидери. Бонусот требаше да ги компензира непријатностите предизвикани од работата од дома и реновирањето на зградата.

Раководството на партијата го сочинува шестчлен одбор во кој се и лидерите Роберт Хабек и Аналена Баербок. Хабек беше избран за германски вицеканцелар и министер за економија и клима, а Беркбок за министерка за надворешни работи во новата влада на канцеларот Олаф Шолц.

И двајцата ќе се повлечат од раководството на партијата кон крајот на овој месец бидејќи се на министерски позиции.

ДПА јави дека внатрешните партиски ревизори веќе поставиле прашања за исплатата на корона бонусите на управниот одбор.

Поврзани новости