Германски фудбалер ослабе 50 килограми за пет години: „Се откажав од брзата храна и алкохолот“

by Fokus

Германскиот фудбалер Денис Лерче (29) игра за германскиот четвртолигаш Рот-Вајс Ерфурт, а во последните пет години изгуби повеќе од 50 килограми.

Пред пет години играше во регионалната лига за СВ Опум III и имаше 145 килограми. Сега тој објави дека ја достигна целната тежина од 90 килограми.

“Тоа функционира само со многу дисциплина. Трчав секој ден после тренинг и се откажав од алкохолот и брзата храна”, изјави Лерче. Потоа отпатува во Турција на проба во турскиот клуб Дортмунд бидејќи Ерфурт му кажал дека повеќе не им треба.

„Отворен сум за понуди од други регионални лиги, но можам да останам и во Ерфурт бидејќи таму имам договор“.

Тој додаде дека работи на градење мускулна маса и обликување на своето тело. Во текот на кариерата играше и за голем број германски нисколигаши како Моерс, Капелен и Линер, а оваа сезона има шест гола и седум асистенции на 20 настапи за Ерфурт. Овој напаѓач според Трансфермаркт вреди 75 илјади евра.

Поврзани новости