479
Пандемијата на Ковид-19 може да се смета за завршена и сега е ендемична болест, изјави германскиот виролог Кристијан Дростен во коментар за весникот „Тагесшпигел“.
– Го доживуваме првиот ендемски бран со Сарс-КоВ-2 оваа зима. Според моја проценка, пандемијата е завршена, рече шефот за вирологија во берлинската универзитетска болница Шарите.
По оваа зима, имунитетот кај населението ќе биде толку широк и отпорен што вирусот ќе има мали шанси во лето, додаде Дростен.