Германската влада смета дека е „многу веројатно“ рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е во кома во болница во Берлин, да бил отруен.
„Ова е пациент кој најверојатно бил жртва на напад со отров. Сомнежот не е поврзан со шпекулацијата дека Навални се сам отрул, туку дека некој му ставил отров, а германската влада го сфаќа ова сомневање многу сериозно“, изјавил портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.
Тој исто така објаснил дека поради овој сомнеж е поставено полициско обезбедување пред болницата.
Алексеј Навални (44), беше хоспитализиран во Омск во четвртокот, откако му се слоши, а потоа во саботата беше пренесен во болница во Берлинч.
Руските лекари негираат дека станува збор за труење, а неговите соработници се убедени дека Навални е отруен.