586
Германската влада го одобри нацрт-законот за либерализација на употребата на канабис, со што се отвора можноста поседувањето ограничени количини марихуана повеќе да не биде кривично дело.
Одобрувањето на владата е првиот чекор, бидејќи парламентот мора да го одобри предлогот, пренесува „АП“.
Законот треба да стапи во сила на крајот на оваа година, легализирајќи го поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели и дозволувајќи им на поединците сами да одгледуваат до три растенија.
Германската влада планира да забрани рекламирање или спонзорство на канабис и клубови, а нема да биде дозволено консумирање на 200 метри од училиштата, игралиштата и спортските објекти.