Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен предложена за местото на Јункер

by fokus

Лидерите на ЕУ постигнаа договор денеска за новото раководство на европските институции и ја предложија германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, додека шпанскиот министер за надворешни работи, Жозеф Борел, за нов европски шеф на дипломатијата, на местото на Федерика Могерини.

Белгискиот премиер Шарл Мишел е предложен за претседател на Европскиот совет, додека директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, за претседателка на Европската централна банка.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека лидерите на ЕУ без противања, но со воздржана Германија, го договориле пакетот за четирите водечки позиции на институциите на ЕУ.

-Беше потребно повеќе од што планиравме, но сепак се постигнавме на време. Го договоривме целиот пакет пред првата сесија на Европскиот парламент – рече Туск.

Поврзани новости