Германската министерка ги отфрли преговорите со Путин: „Кој ќе биде следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед?“

by Fokus

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Слушаме гласови кои велат: Преговарајте со Путин. Но Путин се однесува како очигледно да не сака да преговара за мир. Тој постојано зборува за своите „освојувања“, изјави Баербок во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.

„Русија, постојана членка на Советот, сака суверена држава да се откаже од своето право да постои. Каде ќе бевме ние ако овој принцип преовладаше“, ги праша Баербок присутните.

„Кој од нас би бил следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед? Ако попуштиме, тоа ќе беше крајот на Повелбата на Обединетите нации“, рече таа. „Затоа, нема да ја прекинеме поддршката за Украина, ниту сега ниту утре“.

Нејзините коментари се однесуваа на неодамна потпишаниот германско-украински безбедносен договор, кој „нуди сигурна, долгорочна поддршка на Украина“.

„Ние стоиме со Украина“, рече Баербок.

Денеска се одбележува втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Поврзани новости