500
Прославениот германски фудбалер Лотар Матеус изјави денеска дека португалскиот капитен Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на Светското првенство во Катар.
Португалија беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко, додека титулата ја освои Аргентина, која синоќа во финалето по подобро изведување пенали ја совлада Франција.
„Роналдо беше целосна спротивност од Лионел Меси. Сè направи лошо. И за себе, и за својата репрезентација. Неверојатен фудбалер, кој непотребно урива сè што со години создаваше. Жал ми е, бидејќи не мораше да биде така“, рече Матеус.
Роналдо на Мундијалот 2022 одигра пет натпревари и постигна само еден гол.