566
За обнова на профитабилноста и за подобар поврат на акционерите „Дојче Банк“ објави дека во рамки на опширната реконструкција во 2022 година ќе бидат укинати 18.000 работни места.
Банката најави и инвестиција од 74 милијарди евра за специјална продажна единица. Но, исто така од Франкфурт објавија и план за реструктуирање кој ќе овозможи продажба и трговија со акции, со цел да се подобри профитабилноста и да се зголеми цената на акциите.
Трошоците за реструктуирање се предвидуваат околу 6 милијарди евра, а со укинувањето на 18.000 работни места, бројот на вработени во банката ќе се намали на 74 илјади лица.
Инаку, според медиумите од регинот „Дојче банк“ се бори со регулаторни казни, слаб профит, високи трошоци и пад на цените на акциите.