Германската амбасадорка: Граѓаните бараат корупцијата да не остане неказнива

by Fokus

Германската амбасадорка Петра Дрекслер изјави дека опеределабата на македонската Владата за борба против корупцијата и организираниот криминал е тема што заслужува поголемо внимание во следните недели и месеци. Таа во емисијата Трилинг изјави дека македонските граѓани бараат корупцијата да не остане неказнета.

„Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не ја платат цената за тоа, корупцијата да не остане неказнива и да биде на товар на општеството“, изјави амбасадорката Дрекслер.

Таа посочи дека вклучувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот е дел од преговарачката рамка што Северна Македонија ја склучи со 27 земји членки на ЕУ.

„Преговарачка рамка со ЕУ е доволна гаранција дека по внесувањето на Бугарите во Уставот нема да има нови услови на македонскиот пат кон Брисел“, рече Дрекслер.

Таа се надева дека наскоро ќе бидат изгласани уставните промени во Собранието.

Амбасадорката рече дека минатата недела Бундестагот ја повика германската Влада да ја поддржи Северна Македонија во сите нејзини реформски чекори во правец на Европската унија, и конструктивно да ја подржува.

„Пратениците го земаа тоа за повод уште еднаш да ја искажат својата почит кон македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура“, изјави Дрекслер.

Поврзани новости