Високо-технолошкиот стартап „Tomorrow Bio“ со седиште во Берлин обезбедува единствена можност за криогенско замрзнување на телата со надеж дека идните технологии ќе овозможат нивна реанимација.
Оваа иновативна компанија наплатува 222.603 долари плус 55 долари месечна членарина за услугата за складирање на тела и делови од телото на екстремно ниски температури.
„Верувам дека во текот на нашиот живот ќе можеме да бидеме сведоци на безбедно криопрезервирање и реанимација на сложените организми – изјави ко-основачот Фернандо Азеведо Пинеиро.
Во моментов „Tomorrow Bio“ има шест корисници и пет миленици на листата на чекање, додека за услугата се пријавиле 650 лица со просечна возраст од 36 години.
Пинеиро нагласи дека „никој од нив не очекува наскоро да умре“.
Компанијата користи амбулантни возила опремени како мобилни операциони сали за да започне со криопрезервација веднаш откако пациентот ќе биде прогласен за законски мртов. Телесните течности се заменуваат со антифриз од медицински квалитет за да се спречи оштетување од студ, а температурите се спуштаат на околу -190 степени Целзиусови повеќе од една недела пред телото да се складира во челичен сад со течен азот.
„Tomorrow Bio“ е единствената компанија во светот која ја нуди оваа услуга. Доколку лицето успешно оживее и неговата инвестиција не се искористи целосно, преостанатите пари се враќаат. Компанијата го наведува примерот на успешно зачувување на бубрег од зајак како доказ за ефикасноста на нивниот метод.
Покрај локациите во Берлин и Амстердам, Tomorrow’s Bio планира да отвори сателитска локација во Њујорк.
Пинеиро додава дека многу клиенти се фасцинирани од можностите на идните технологии и искуства, вклучувајќи го и вселенското патување.