Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Leopold Kostal GmbH & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во однос на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно, и ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и МЕР АД Скопје во најкраток временски рок да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар.
Владата го утврди Предлог-законот за енергетика и согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, донесе одлука предлог законот да го достави до Собранието.