Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската Комисија.
Урсула фон дер Лејен, е конзервативка, родена и порасната во Брисел, а зборува англиски, германски и француски јазик.
По професија е докторка, која се впуштила во политички води и министерка е во германската Влада до 2005 година, кога Ангела Меркел станала канцеларка.
Во третиод мандат станала министер за одбрана, прва жена во германската историја и на таа положба останала и во оваа Влада. Меѓутоа, ситуацијата во Министерството за одбрана уште не била наклонета: прво избиле скандалите со германските војници кои биле блиски со радикалната десна идеологија и тоа не го криелче, а потоа се покажало дека германската војска е исклучително запуштена – авионите не летаат, тенковите не возат, топовите не пукаат, додека американскиот претседател Доналд Трамп се почесто зборува дека Германија не одвојува доволно пари за војската.
Нејзините врски со Европската комисија се долги: нејзиниот татко, Ернс Албрехт, бил генерален директор во Комисијата, после нејзиното основање во 1958 година. По таткова линија влече потекло од угледни претприемачи. Мажена е за Хајк фон дер Лајен, професор по медицина и првиот човек на компанијата за медицински инженеринг од влијателно племенито семејство, а со него има седум деца.
Според податоците од Википедија, Урсула е потомок на баронот Лудвиг Кноп, трговец со памук од Бремен, кој бил еден од најбогатите претприемачи во своето време и кој од рускиот цар Александар Втори добил титула барон.
Во ЦДУ влегла во 1990 година, а активно почнала да се занимава со политика во 1999 година, а набрзо влегла и во локалните власти во Хановер.
Се споменува и како идна главна секретарка на НАТО.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за новиот лидер на европските институции и ја предложија германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен за претседателка на Европската комисија, а шпанскиот министер за надворешни работи Жозепе Борел за нов шеф за европска дипломатија.
Сегашниот шпански министер за надворешни работи, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претстедателка на Европската централна банка, додека пак Шарл Мишел, сегашниот премиер на Белгија е назначен за претседател на Европскиот Совет, потврди Доналд Туск на Твитер.
– Избравме две жени и двајца мажи за клучните позиции. Тоа е совршен родов баланс. Вредеше да се чека за ваков исход – изјави Туск пред новинарите во Брисел.