Германското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ја забранило работата на Исламскиот центар Хамбург (ИЗХ) и неговите филијали, со тврдење дека промовираат радикални исламистички цели.
Министерството во соопштението наведува дека властите во осум германски покраини рано утринава извршиле претрес на 53 локации на организацијата постапувајќи по судска наредба.
Обемните докази од претходното пребарување на 55 локации, извршени во ноември, ја дадоа основата за забраната на здружението познато како Исламски центар Хамбург, соопшти Министерството.
„Денес го забранивме Исламскиот центар Хамбург, кој промовира исламистичко-екстремистичка, тоталитарна идеологија во Германија“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Таа рече дека сака да стави до знаење дека „оваа забрана апсолутно не се однесува на мирното практикување на шиитската религија“.
ИЗХ не можеше да се контактира по телефон во средата наутро, а неговата веб-страница не е достапна за јавноста.