Најмалку пет милиони вакцини против корона вирус ќе пристигнат во Германија во следните три недели, соопшти денеска Министерството за здравство.
Министерот за здравство Јенс Шпан рече дека новите количини, кои се од компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, се „добра вест по тешкиот почеток“.
Министерството на Твитер наведува дека 3,5 милиони вакцини биле доставени во Германија во изминатите пет недели и дека биле примени 2,2 милиони вакцини.
Околу 2,2 проценти од 83 милиони луѓе во Германија ја примиле првата доза на вакцина.
До денеска околу половина милион граѓани ги добија двете дози.
Канцеларката Ангела Меркел свика состанок со премиерите на 16 германски сојузни држави во понеделник, на кој ќе се разговара за бавноста на вакцинацијата.