Во Германија, внимателно се следат извештаите поврзани со истражувањето за „Пандорините документи“. Првичните впечатоци се дека информациите немаат многу врска со Германија, изјави денеска на брифинг владиниот портпарол Штефен Зајберт.
– Ние, се разбира, внимателно ги следиме сите извештаи. Како официјален портпарол на федералната влада, нема да коментирам поединечни случаи и сомнителни шеми. Сигурно ќе бидат под истрага. За нас, ова е уште една причина да ја продолжиме работата што федералната влада си ја постави, а тоа е да се спротивстави на обидите да избегне данок, рече Зајберт.
Тој рече дека Берлин ќе продолжи да работи во оваа насока и на национално ниво и со меѓународни партнери.
Германија не може да даде конечна проценка за објавеното, бидејќи новинарите вклучени во истражувањето продолжуваат да објавуваат документи, но борбата против затајување данок може да функционира само со заеднички напори на меѓународната заедница, рече владиниот портпарол.
Истрагата во која беа вклучени 600 новинари, наречена „Пандорини документи“, врз основа на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги, откри повеќе од 29.000 офшор компании. ИЦИЈ откри врски помеѓу офшор средства и 336 лидери и политички претставници кои формирале 1.000 компании, од кои повеќе од две третини се на Британските Девствени Острови.