107
Германските фудбалери убедливо ја совладаа Шкотска (5:1) во Минхен на отворањето на ЕУРО 2024.
На стартот од групата А, домашните славеа со головите на Флоријан Вирц во 11. минута, Џамал Мусиала во 19. минута, Каи Хаверц од пенал во 46. минута, Никлас Филкруг во 68. минута и Емре Џан во 93. минута. Антонио Ридигер си постигна автогол во 87. минута.
Краткото отворање го одбележаа овации за починатиот Франц Бекенбауер, по што до израз дојдоа локалните фудбалери.
Вториот натпревар од оваа група ќе го одиграат Швајцарија и Унгарија во сабота од 15 часот во Келн.