334
Германската полиција уапсила 32-годишен ирански државјанин под сомнение дека набавил цијанид и рицин за да изврши терористички напад.
Во рамките на истрагата, претресени се просториите на осомничениот во градот Кастроп-Рауксел, се наведува во заедничкото соопштение на јавното обвинителство во Дизелдорф и полицијата во градовите Реклингхаузен и Минстер, пренесува Ројтерс.
„Осомничениот е обвинет дека подготвувал насилен чин што би ја загрозил безбедноста со наводно набавка на цијанид и рицин за извршување на напад мотивиран од радикално толкување на исламот“, се вели во соопштението.