461
На фалсификаторите на тестови за ковид 19 во Германија , потврда за прележан ковид или вакцинација им се заканува затворска казна до пет години.
Според плановите на германската влада, во особено тешки случаи на „неовластено издавање на здравствени уверенија“, доколку „сторителот дејствува на комерцијална основа или како член на банда“, казната затвор треба да биде од три месеци до пет години.
Досега е криминализирано само поднесувањето или користењето фалсификувани „здравствени потврди“ до „властите или осигурителните компании“.