Германија со парична помош за косовските безбедносни сили

by fokus

Германската Влада донираше 500.000 евра на косовските безбедносни сили за набавка на медицински материјали и опрема.

Договорот за донации беше потпишан во косовското Министерство за одбрана од страна на в.д. генералниот секретар Фарук Геци и германскиот амбасадор во Приштина Кристијан Хелт, пренесува РТС.

Во соопштението од Министерството се посочува дека косовските безбедносни сили со донацијата од германската влада имаат за цел да го подобрат капацитетот на нивниот медицински центар и да обезбедат медицински материјали и опрема што ќе придонесат за градење медицински капацитети и услуги.

Поврзани новости