350
Германскиот парламент кон средината на месецов ќе донесе одлука за купување американски борбени авиони Ф-35 од компанијата Локхид Мартин во вредност од 10 милијарди евра.
– Големиот проект за купување американски борбени авиони Ф-35 во вредност од 10 милијарди евра ќе биде разгледан на 14 декември на следната седница на (парламентарната) комисија за буџет, изјави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.
Според неа, Германија планира да купи вкупно 35 стелт-борбени авиони Ф-35, вклучувајќи проектили и друго оружје и опрема, а како што рече, првите осум авиони ќе бидат испорачани во 2026 година.
Ова е прва поголема набавка на оружје во рамките на фондот од 100 милијарди евра наменети за одбраната.