628
Германија одобри испорака на 400 ракетни гранати (РПГ) на Украина од страна на Холандија.
Како што пренесуваат странските агенции, ова е важна промена во политиката на Берлин, кој беше критикуван дека одбива да испрати оружје во Украина, за разлика од другите сојузници.
Германија има долгогодишна политика да не извезува оружје во воените зони. Земјите кои сакаат да го предадат извезеното германско оружје треба прво да добијат дозвола од Берлин.
Во последниве недели, канцеларот Олаф Шолц постојано ја цитираше оваа политика, одбивајќи да испорача смртоносно оружје на Украина.