Германка (23) со ирачко потекло на Инстаграм пронашла девојка која многу личи со неа и со помош на пријател ја убила за да си ја одглуми сопствената смрт, откриле истражителите во Баварија, пренесува Гардијан.
Кога во август, во паркиран мерцедес во Инголштад, јужна Германија, беше пронајдено телото на млада жена покриено со крв, жртвата првично беше идентификувана како Шарабан К., 23-годишна козметичарка со ирачко потекло, а живеела во Минхен.
Иако некои членови на семејството на Шарабан К. го идентификувале телото, обдукцијата извршена следниот ден покрена сомнеж за вистинскиот идентитет на жртвата. Жртвата на крајот беше именувана како Кадиџа О., алжирска блогерка за убавина од Хајлброн во соседната држава Баден-Виртемберг, исто така 23-годишна.
И двете имаат долга црна права коса, сличен тен, а со шминка, двете жени изгледаа неверојатно слично, соопшти полицијата, што ги натера германските медиуми да го наречат случајот „двојно убиство“.
Заедно со 23-годишниот Косовец Шеќир К., Шарабан К. беше приведен во Баварија на 19 август 2022 година, но властите до оваа недела јавно не шпекулираа за мотивот.
„Истрагата доведе до претпоставка дека обвинетата сакала да се скрие поради семејна расправија и во таа смисла да ја лажира сопствената смрт“, изјави Вероника Гризер од Државното обвинителство во Инголштад.