431
Германија целосно ќе престане да купува руски јаглен на 1 август и руска нафта на 31 декември и ќе доживее голема промена во изворот на снабдување со енергија на земјата, изјави на конференцијата заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес.
-Клучен предизвик ќе биде пополнување на огромната празнина што ќе остане кога Европската унија ќе се откаже од 158 милијарди кубни метри гас што годишно ги испорачува Русија, рече Кукиес.
Русите претходно испорачувале 40 отсто германски јаглен и 40 отсто нафта.
-Секој што ја знае историјата на нафтоводот Дружба, кој веќе беше алатка на советската империја над Источна Европа, знае дека ослободувањето од таа зависност не е безначајна работа, но тоа ќе го постигнеме за неколку месеци – рече Кукиес.