Германија попушти, се согласи на ембарго на рускиот ураниум

by Fokus

Доколку лидерите на Унијата одлучат да воведат ембарго на рускиот ураниум, тоа би влијаело и на постоечките реактори изградени од Русија и на новите нуклеарни проекти што ги спроведува „Росатом“ во Западна Европа.

Германија досега беше најголемиот противник на острите акции против Русија, поради страв дека Владимир Путин би можел целосно да ја прекине испораката на гас за Европа.

Германија се согласи да ја поддржи иницијативата за воведување ембарго на рускиот ураниум, пишува Политико, повикувајќи се на дипломатски извори.

Бидејќи Германија досега одбиваше да воведе построги санкции кон Русија токму поради увозот на енергија од таа земја, ова може да биде пресвртница во односите меѓу ЕУ и Русија, но и голем удар за руската економија, коментира порталот.

Доколку лидерите на Унијата одлучат да воведат ембарго на рускиот ураниум, тоа би влијаело и на постоечките реактори изградени од Русија и на новите нуклеарни проекти што ги спроведува „Росатом“ во Западна Европа.

Дипломатите со кои разговараше Политико велат дека за ембаргото на руската енергија било разговарано на состанокот на амбасадорите на ЕУ со членовите на Европската комисија претходно оваа недела, при што Полска и балтичките земји инсистирале на воведување ембарго.

-Германскиот амбасадор неодамна го објави новиот став на Берлин, велејќи дека Германците го поддржуваат постепеното укинување на нафтата, а не само ограничувањето на цената и забраната за рускиот ураниум, изјави дипломат од ЕУ за Политико.

Фактот дека Германија, економската сила на ЕУ, сега е вклучена во овој процес, се чини дека тој конечно ќе се спроведе, се вели во текстот.

-За Германците, Австријците и другите е важно ЕУ целосно да ја намали својата енергетска зависност од Русија. Тоа вклучува забрана за увоз на руско нуклеарно гориво, вели дипломатот за Политико.

Европската комисија работи на шестиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи потенцијални мерки насочени кон нафтата. Се очекува во наредните денови да се разговара за детали со земјите од ЕУ, бидејќи европските влади се обидуваат да го засилат притисокот врз Владимир Путин.

 

Поврзани новости