Германија поддржува преговори на Македонија со ЕУ, за Албанија поставува услови

by Фокус

Споредбата на предлог-одлуките за Северна Македонија и за Албанија што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија се бара завршување на серија задачи, објави 360 Степени.

Во предлог-одлуката за земјава пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „за“ отворање пристапни преговори со земјава, при што нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.

Наспроти тоа, се употребува сосема различен е вординг во предлог-документот за Албанија, каде стартот на пристапниот процес е условен со исполнување на повеќе задачи, како гарантирање на функционирањето на Уставниот и на Врховниот суд со одреден број проверени судии и јавни обвинители, одлука за реформа на изборното право итн.

Поврзани новости