Германија не успеа да вакцинира 80 отсто од населението

by Fokus

Германската Влада не ја постигна планираната цел 80 отсто од населението да прими барем една доза од вакцината против коронавирусот до крајот на јануари, покажуваат официјалните податоци објавени денеска – 75,8 отсто од 83 милиони луѓе примиле најмалку една вакцина, 74 проценти биле целосно вакцинирани, а 52,8 отсто добиле засилувачка доза.

Владиниот портпарол Штефан Зајберт на прес-конференцијата изјави дека целта не е исполнета, но дека стапката на вакцинација е „значително подобра од претходно, но не и 80 проценти“.

Тој додаде дека дури и повеќе од еден милион луѓе секојдневно се вакцинирале во декември, но темпото забавило во текот на Божик и не се променило толку колку што се надевале официјалните лица. Минатата недела во просек биле вакцинирани 351.000 луѓе.

Бројот на оние кои примиле трета доза драстично се зголеми, додека уделот на населението што ја прими првата вакцина против Ковид-19 е зголемен во последните недели.

Пред една недела, канцеларот Олаф Шолц и 16 германски гувернери одлучија да ги задржат рестриктивните мерки соочени со растечката зараза.

Поврзани новости