Германија ќе предложи нови санкции против Русија поради смртта на Навални

by fokus

Германија ќе предложи нов пакет санкции против Русија по смртта на Алексеј Навални, опозицискиот лидер и најжесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Најавата дојде додека во Брисел траеше средбата на вдовицата на Навални, Јулија Навални со министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ), пред кои таа имаше обраќање зад затворени врати.

„Ја видовме бруталната сила со која рускиот претседател ги репресира сопствените граѓани кои излегуваат на улиците за да демонстрираат за слобода или пишуваат за тоа во весниците. Ќе предложиме нови санкции поради смртта на Алексеј Навални“, изјави денеска германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок.

Поврзани новости