Германија ќе ги заостри законите за оружје

by fokus

Германија планира да ги заостри законите за оружје откако беше откриен заговор на екстремно десничарска група за соборување на владата, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер во интервју за „Билд ам Зонтаг“, објавено денеска.

Германската полиција оваа недела уапси 25 лица осомничени за вмешаност во заговорот. Многумина од осомничените се членови на екстремно десничарското движење Рајхсбиргер („Граѓаните на Рајхот“), кое го негира постоењето на модерната германска држава.

Министерката Фесер во интервјуто вели дека членовите на Рајхсбиргер претставуваат се поголема закана за Германија, имајќи предвид дека нејзиното членство се зголемило од 2.000 на 23.000 оваа година.

Обвинителството соопшти дека меѓу осомничените има и лица кои поседуваат лично оружје и знаат да го употребат. Покрај тоа, движењето прави редовни обиди да регрутира сегашен и поранешен воен персонал и има складирано оружје.

„Императив е сите власти да извршат максимален притисок за да се заплени ова оружје“, рече Фесер.

Поради ова, федералната влада, како што најави, дополнително ќе ги заостри законите за оружје во блиска иднина.

Поврзани новости