548
Германија ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувајќи го и туристичкиот остров Мајорка, за регион под ризик од корона вирус по зголемувањето на случаи на заразени.
Тој потег е удар врз надежите дека брзото закрепнување на масовниот туризам по неколкумесечна пауза ќе го запре ширењето на вирусот, пишува „Гардијан“.
Германскиот весник „Билд“ претходно објави дека Мајорка е додадена на списокот со високоризични региони објавен од Институтот за јавно здравје Роберт Кох.
Тоа значи дека луѓето кои се враќаат од тие области ги чека тест за корона вирусот и/ или двонеделен задолжителен карантин.
Бројот на случаи во Шпанија се зголеми во последните денови откако блокадата на земјата беше укината пред седум недели.