Германија ја прогласи Македонија за подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19

by Fokus

Германската сојузна влада ја класифицира Македонија како подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19, почнувајќи од 22 август, а невакцинираните ќе одат во карантин, информира Амбасадата на Германија во Скопје.

Лицата над 12 години кои се целосно имунизирани со вакцина одобрена во Германија можат слободно да влезат во земјата, без разлика на целта на патувањето. Останатите ќе можат да влезат во Германија само доколку имаат неопходна причина, но притоа прво ќе мора да одат во десетдневен карантин. Најрано пет дена по влегувањето може да се направи тестирање за коронавирус и резултатот да се испрати преку сајтот за регистрација за влез во Германија.

Поврзани новости