Германија испраќа воена помош за Украина во вредност од 1,08 милијарди долари

by Fokus

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус објави денеска на маргините на состанокот во американската воена база Рамштајн пакет воена помош за Украина во вредност од 1,08 милијарди долари, соопшти портпаролот на германското Министерство за одбрана.

Портпаролот на германското министерство  не објасни што ќе вклучува пакетот помош.

Во меѓувреме, холандски медиуми јавија дека Холандија ќе и испрати на Украина две лансирни рампи за противвоздушни системи и ракети Патриот.

Поврзани новости